Соработка во креирањето на специјалистичките студии и можноста за заеднички сертификати беа дел од темите за кои претставници на Високата школа разговараа на студиската посета на холандскиот Универзитет Виндесхајм и Факултетот за комуникации од Ротердам.

Холандските академици особено се интересираа за спроведување на заеднички предмети и програми за интеркултурни комуникации, со поддршка на Катедрата на УНЕСКО за медиуми во Македонија, чие седиште е Високата школа.

Во таа насока, се разгледа можноста за студирањето од далечина, со што холандските професори би ги споделувале знаењата и вештините на македонските специјализанти.

На средбите се разговараше за продлабочување на досегашната соработка на додипломските студии преку заеднички интернационални проекти меѓу студентите и студентската размена.