Промовирано регионалното истражување „Зошто е важен интегритетот на медиумите“
Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска со цел да се посочат пречките во демократскиот развој на медиумските системи...
Повеќе
Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелните индустрии во Македонија
Дигиталните технологии ги притискаат властите да развиваат нови стратегии и партиципаторни процеси на креирање политики.
Повеќе
Изработени се насоки за развој на аудиовизуелните индустрии
Катедрата на УНЕСКО при Високата школа на конференција ги претстави насоките за развој на креативните аудиовизуелни индустрии – филм, телевизија и видео игри во Македонија.
Повеќе
ТВ дебата „Врамувањето на локалните избори: Како се конструира пристрасноста во известувањето“
Како се конструира пристрасноста во новинарското известување и како медиумите известуваа за локалните избори.
Повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • Промовирано регионалното истражување „Зошто е важен интегритетот на медиумите“
  • Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелните индустрии во Македонија
  • Изработени се насоки за развој на аудиовизуелните индустрии
  • ТВ дебата „Врамувањето на локалните избори: Како се конструира пристрасноста во известувањето“

Фото галерија

Катедра на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање.
  • Mеѓународната соработка се проширува со универзитет од САД
    Високата школа и Универзитетот Западна Каролина од САД ќе соработуваат во развојот на студиските програми.
  • Високата школа држеше обука за „Полицијата и медиумите“
    Во организација на Министерството за внатрешни работи и мисијата на ОБСЕ во Македонија, Високата школа за новинарство и за односи со јавности одржа обука за регионалните портпароли на МВР на тема „Полицијата и медиумите“.
  • Посета на истражувачката агенција Ипсос Стратеџик Пулс
    Како се планира и реализира едно маркетинг истражување беше темата на која студентите по односи со јавноста разговараа при посетата на истражувачката агенција „Ипсос Стратеџик Пулс“.
  • Религиозната разновидност преку објективот на студентите
    риесетина студенти на Високата школа со различна религиозна вероисповед учеа за другите религии преку фотографирање на карактеристичните елементи на неколку верски објекти.
  • Односите со јавноста треба да го штитат јавниот интерес
    Високото образование и континуираното усовршување на професионалците за односи со јавноста е неопходно за да се зајакне отчетноста на инситуциите, стратегиското раководење со компаниите и општествената одговорност.
  • Претседателот на IPRA прв пат во Македонија
    Високата школа, во соработка со Канцеларијата на УНЕСКО од Венеција организира тркалезна маса „Глобалните трендови и иновациските комуникации во односите со јавноста“ во понеделник на Скопски саем.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

Високата школа почна да развива специјалистички студии на две насоки: Менаџмент на медиуми и мултимедија и Менаџмент на стратегиски комуникации. Ова ќе бидат први и единствени студии во Македонија во овие области.

Студиските програми се организираат во рамките на Катедрата на УНЕСКО за Медиуми, дијалог и заемно разбирање, што е формирана при Високата школа, и во соработка со европските партнерски универзитети. Во креирањето на наставните програми учестуваат професори од Факултетот за медиуми на Универзитетот Виндесхајм во Холандија, од Данската школа за медиуми и новинарство и од Универзитетот од Кардиф во Велика Британија.

Студентите на насоката Менаџмент на стратегиски комуникации ќе се обучат за менаџери за комуникации на највисоко организациско ниво во приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Тие ќе ги унапредат менаџерските вештини и техники во комуникациите и ќе се стекнат со квалификации потребни за стратегиски менаџмент функции.

На насоката Менаџмент на медиуми и мултимедија, идните медиумски менаџери ќе ги совладаат бизнис вештините за успешно менаџирање на медиумскиот пазар. Во исто време, ќе знаат како да се справат со развојните трендови во медиумската индустрија преку совладување на најновите техники на мултимедија, дигиталните медиуми и на медиумската продукција.

Како дел од Катедрата на УНЕСКО за Медиуми, дијалог и заемно разбирање, чија цел е да ја зајакне општествената кохезија преку образовни програми, во студиите ќе бидат вградени и содржини за различностите и интеркултурната комуникација.

Високата школа ја разгледува можноста за реализирање на заеднички програми, предавања и сертификати со европските партнерски универзитети, за што ќе изработи посебен систем за учење од далечина.

Специјалистичките студии ќе траат една година. По нивното завршување, студентите ќе може да продолжат уште една година на магистерски студии на истата насока и со тоа ќе стекнат две дипломи - за специјалист и за магистер.