konfenrencijaКатедрата на УНЕСКО при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Меѓународниот фонд за културна разноликост, на 27 септември (петок) организира конференција на тема „Аудиовизуелните индустрии, одржливиот развој и културната разноликост“.

Во последнава деценија, во Европа и во светот се повеќе се говори за важноста на културните и креативните индустрии. Визуелните и изведувачките уметности, филмот, телевизијата, музиката, мултиме­дијалните производи и низа други применети дисциплини силно влијаат врз нашето секојдневие и ги обликуваат нашите вредности, идентитет и однесување.

На настанот ќе се презентираат клучните наоди од анализата на состојбата на аудиовизуелните индустрии во Македонија, а свои куси видувања ќе изложат и неколку претставници на овој сектор. Свое учество потврдија домашни продуценти, режисери, автори, медиумски професионалци, претставници на релевантни институции, експерти и други релевантни субјекти.  

На конференцијата се очекува да се обрати и Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура и претседателка на Националната комисијата на УНЕСКО, а искуствата од земјите од регионот ќе ги претстават експертките Весна Чопиќ, од Словенија и Јака Приморац од Хрватска.

Конференцијата се одржува во хотелот Холидеј Ин (Скопје) со почеток во 10:30 часот.

Агенда од конференцијата

Компаративна анализа на аудиовизуелните индустрии во други земји

Анализа на аудиовизуелната индустрија во Македонија

Овaa aктивност се спроведува со поддршка на Меѓународниот фонд за културна разноликост кој е воспоставен со член 18 на Конвенцијата за заштита и промовирање на разноликоста на културното изразување усвоена од УНЕСКО во октомври 2005 година.