audiovizuelniПредлог-текстот на Насоките за развивање на аудиовизуелните индустрии во Македонија се наоѓа на јавна расправа. Сите засегнати страни можат да ги испратат нивните сугестии и забелешки најдоцна до 21 февруари 2014, кога ќе се одржи конференција на која ќе бидат разгледани и дискутирани пристигнатите предлози.

Документот содржи насоки за поддршка и развој на филмот, телевизијата и видео игрите, што беа идентификувани во рамки на проектот „Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелните индустрии во Република Македонија“.

Предлог-насоките се резултат на неколкумесечните активности на проектот. Најпрво, беше изработена анализа за состојбата на аудиовизуелната индустрија во Република Македонија и компаративна студија за индустријата на аудиовизуелните медиумски услуги. Резултатите од анализите беа претставени на конференција на која беа изнесени идеи и иницијативи за зајакнување на културните и креативни индустрии, а низ работилници со различни засегнати страни во аудиовизуелниот сектор беа идентификувани нивните потреби и предизвици. Врз основа на добиените наоди, експертскиот панел составен од претставници на оваа индустрија го изработи предлог-текстот на Насоките.

Сугестиите и забелешките за предлог-насоките треба да се испратат на е-адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во писмена форма на поштенската адреса: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, ул. „Јуриј Гагарин“ 17/1-1, 1000 Скопје.

Предлозите ќе бидат разгледани и за нив ќе може да се дискутира и на завршната конференција на проектот, што ќе се одржи на 21 февруари 2014.

Проектот го спроведува Катедрата на УНЕСКО при Високата школа, финансиран од страна на Меѓународниот фонд за културна разноликост на УНЕСКО. Главната цел е да се создаде национална рамка за развивање на силна креативна аудиовизуелна индустрија во Македонија.

Download this file (Предлог-насоки за развој на аудиовизуелните индустрии во РМ.pdf)Предлог-насоки за развој на аудиовизуелните индустрии во РМ [ ] 343 Kb